Американскиот пожарникар Роберт Сатон фати бебе фрлено од вториот кат на запалена зграда во Џорџија. Сатон изјави дека слушнал повик од вториот кат на зградата и видел новороденче на прозорецот од собата исполнета со чад.
– Слушнав како таткото на детето повикува помош. Без размислување му кажав да го пушти бебето. Му ветив дека ќе го фатам. Го пушти бебето и благословен сум што бев положба да го фатам. Прв пат бев во таква ситуација – рече пожарникарот.