47-годишен пожарникар од Скопје починал, откако му се слошило при гасење на пожар кој се случил во непосредна близина на транзитниот центар за странци вчера околу 16:40 часот.
Со возило на итна медицинска помош брзо бил пренесен во комплексот клиники „Мајка Тереза“ за укажување на лекарска помош. Меѓутоа во 18:30 часот Г.Ј. починал. Со наредба на јавен обвинител телото на почитаниот е прадено на обдукција.
Во пожарот опожарена е поголема површина на сува трева и неколку напуштени гулабарници. Пожарот бил изгаснат.