Италијанската полиција уапси 15 припадници на една доброволна противпожарна бригада од островот Сицилија, кои се осомничени дека намерно подметнувале пожари со цел да добијат дополнителен паричен надомест за нивното гаснење.
Како што соопшти полицијата од градот Рагуза, пожарникарите подметнувале пожари и симулирале повици за помош, со цел потоа од државата да добиваат по 10 евра на час за нивно гаснење.
Против уапсените пожарникари се покренати обвиненија за измама и немерно предизвикување штети. Дел од осомничените се товарат и за подметнување пожари.
Полицијата започнала истрага откако и станале сомнителни невообичаено големиот број пожари во реонот на Рагуза во јужниот дел на Сицилија.