Славниот актер уште еднаш апелираше до сите, задолжително да користат заштитни креми за сончање.
Познатиот актер Хју Џекмен кој минатата година објави дека боледува од рак на кожа неодамна повторно беше на третман, трет по ред од ноември минатата година. Тој уште еднаш апелираше до сите, задолжително да користат креми за заштита од сонце и редовно да одат на лекарски контроли.
Ѕвездата на серијалот „X-Men“ инаку боледува од Карцином на базалните клетки (BCC) која е најчестата форма на рак на кожата, тоа е форма на рак кој ретко метастазира и затоа се нарекува бениген.