Познатиот битолски актер во Народниот театар од Битола, Сашо Огненовски, со неправосилна пресуда, од Основниот суд во Битола е осуден на две години затвор за кривично дело измама.
Со пресудата на Основниот суд, Огненовски е задолжен да им ги врати парите на оштетените вработени во Народниот театар, кои ги имаше ангажирано како жиранти, а кои мораа наместо него, тие да ги враќаат кредитите во банките.
Сашо Огненовски не ја прими пресудата на Основниот суд Битола, бидејќи тој веќе неколку месеци се наоѓа во САД.