Фудбалерот на „Њукасл“, Папис Сисе од Сенегал , во тајност се оженил со својата поранешна девојка, три дена откако на својата актуелна девојка Рејчел Греј и рекол дека оди на одмор.
Фудбалерот се оженил во Парис со својата земјачка Дијала Ава, која професионално се занимава со одбојка во Франција.
Тоа секако не била изненадувачка вест, доколку Папис три дена пред венчавката не и рекол на својата официјална девојка дека оди во својата татковина да се одмори и да го посети семејството.
Британската убавица за медиумите изјавила дека минатата недела се збогувала со Папис кој и рекол дека оди на одмор во родниот Сенегал.
Со оглед на тоа што фудбалерот не и одговарал на пораките, загрижената Рејчел сакала преку социјалните мрежи да дознае што се случува. Наместо негов одговор, на социјалните мрежи осамнале фотографии од венчавката на нејзиното момче кое во тајност се оженило со друга девојка.
Шокираната девојка за британски „Сан“ признала дека не очекувала вакво нешто од фудбалерот.
– Тоа е неговиот живот и ако тој одлучил така јас тука не можам ништо. Би сакала само да имаше повеќе храброст и да ми каже што сака во животот -изјавила повредената Рејчел.
Близок извор на поранешната двојка истакнал дека Сисе ја сакал Рејчел и сакал да се ожени со неа, но нивната врска не можела да функционира со оглед на тоа што тој строго ги почитува правилата на исламот, а таа е од друга вера.
– Рејчел се грижи за тоа дека луѓето ќе мислат дека таа е наивна и глупава. Таа планирала заеднички живот со него, додека тој имал други планови. Ова многу ја скрши и ја разочара бидејќи беа многу блиски, често се гледаа и многу разговараа. Таа забележала дека нешто не е во ред кога не и одговрал на пораките и повиците – открил близок извор на атрактивната манекенка.
Таа се огласил на Твитер по повод тајната венчавка на нејзиниот дотогашен партнер.
– Се разбира дека сум изнервирана и повредена бидејќи бевме исклучително блиски овие години и тој ја имаше мојата доверба. Имав одличен живот и пред него и имам намера да се вратам на тоа. Сега е време да тргнам од почеток, а и тој ќе го направи истото. Се во животот се случува со некоја причина – напишала Рејчел на Твитер,