Познат готвач починал трчајќи на Лондонскиот маратон


Организаторите на Лондонскиот маратон соопштија дека еден 29-годишен маж починал пред крајот на трката, на најтоплиот маратон во историјата на британската престолнина.

Според извештаите, повеќе од 40.000 маратонци трчале вчера на температура над 23 степени целзјусови, додека во другите делови на Лондон температурите биле повисоки поради топлината од улиците и метежот.

Како што велат организаторите, готвачот Мет Кембел паднал на 36 километри и иако на лице место му била пружена помош од страна на медицински лица, тој починал во блиската болница.

Кембел минатата година учествувал во готвачко ријалити шоу.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1