Триесет дена притвор му одредил судија на претходна постапка на 73 годишниот скопјанец Трајко Т. кој се сомничи дека сексуално нападнал седум годишно девојче.
Настанот се случил додека малото девојче се враќало од училиште во понеделник.
Како што пишува Вест, старецот го повикал девојчето и почнал да го допира и сексуално да се изживува врз него. По ова, Трајко Т. го пуштил девојчето да си оди дома. За случката со музичарот што свирел на хармоника, девојчето и раскажало на мајка си, која веднаш го пријавила случајот во полициската станица во Охрид.
Трајко Т. бил приведен во полициска станица каде што со него бил воден разговор. По ова, тој бил спроведен на распит во Основниот суд во Охрид, каде што е донесено решение за определување мерка притвор од 30 дена.