Едно лице на 42 годишна возраст го загуби животот во сообраќајна несреќа што попладнево се случи во близина на селото Требеништа, на магистралниот пат Охрид – Кичево.
Станува збор за лицето К.В. од Охрид, угостител од Охрид, која настрадал откако со моторциклот што го управувал се судрил со камион.
Несреќата се случила попладнево околу 16 часот, по што веднаш бил пренесен во Специјалната болница за ортопедија и трауматологија каде била констатирана смрт.
K.В. беше оженет, татко на три малолетни деца.