Трговецот Васил Ефтимов е убиеното лице кај паркингот пред ТВ „Мавровка“, дознава ТВ Алсат.
Станува збор за управител на фирмата Мителмонт за продажба на делови од водоводна опрема.
Тој денеска е убиен со огнено оружје од лице кое, според очевидци, прво го отворило багажникот од неговиот автомобил, од каде што зел пакет, а потоа пукал кон жртватa
Како што објавуваат медиумите, тој е бизнисмен, кој се занимавал со продажба на материјали за водовод и канализација, но имал и дуќан за бижутерија во трговскиот центар „Бисер“ во скопската населба Аеродром.
Напаѓачите сакале да го ограбат, но убиениот им се спротивставил, по што со еден истрел во главата го лишиле од живот.
Неофицијално, кога се случил инцидентот, Ефтимов бил придружуван од женско лице, најверојатно сопругата.
Полицијата веќе соопшти дека во врска со случајот се приведени две лица, а посочија дека се трага и по уште едно лице.