Познат македонски фудбалер од Делчево трпи за леб и моли за помош


Венцислав Симоновски, позната македонска фудбалска легенда, денес трпи за леб. Човекот кој во 1987 година беше дел од шампионскиот тим на Вардар кој ја освои шампионската титула на тогашна Југолавија, сега заборавен од сите го тегли најтешкиот дел од својот живот, осамен, гладен и во мрак:
Немам никакви приходи. Струјата ми е исклучена, четири години веќе. Вака, без услови, тешко е , изјави Венцислав Симоновски.
Корка леб и помош Симоновски засега добива само од својата снаа која досега помош за него побарала од сите институции, но не ја добила од никаде:

 

<Бев секаде. од Социјалното ми велат дека не биле надлежни, кажа Стојана Симоновска, снаа на Венцислав.
Симоновски нема никаков приход. Во животот имал и успони и големи падови. Како фудбалер ги бранел боите на Македонија , сега како немоќен човек самува и гладува заборавен од сите:
Тој беше легенда, поим з аовој град, а сега никој не сака да му помогне, како да не постоел, како ништо да не направил во животот, рече Стојана.
Ќе се сети ли родното Делчево на некогашната своја гордот Венцислав Симоновски и ќе подаде ли рака за помош, е големо прашање. Некогаш градот се гордеел со овој човек, сега треба да помогне.

 извор: ТвСтар
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1