Познат новинар и неговата девојка убиени во неговиот стан


Истражувачкиот новинар Јан Куциак и неговата девојка се убиени во неговиот стан, изјави шефот на словачката полиција Тибор Гашпар.

Тој додаде дека Куциак и неговата девојка се пронајдени мртви во неделата вечерта во неговиот стан во градот Велка Мача, источно од Братислава. Полицијата реагирала откако била алармирана од член на семејството на новинарот.

– Убиството најверојатно е поврзано со неговите истражувачки активности. Во Словача никогаш не се случил таков напад врз новинар, истакна Гашпар.

Куциак (27) работеше за новинарскиот сајт „Актуалне.ск“, а воглавно пишуваше за затајување на данок.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1