Седумдесет годишниот Гери Глитер чие вистинско име е Пол Гад, опишан како „сексуален предатор“, е осуден на 16 години затвор за 6 педофилски сексуални напади над 3 девојчиња, од 12 и 13 години, кои се случиле меѓу 1977 и 1980 година.
Судијата Алистер Мек Крит изјавил дека Глитер предизвикал „вистинска и долготрајна штета“ на своите жртви.
Во 1975 година Глитер се обидел да нападне 10 годишно девојче вовлекувајќи се во нејзиниот кревет. Две од своите жртви, девојчиња од 12 и 13 години, ги нападнал зад сцената во својата соблекувална каде ги поканил и ги изолирал од нивните мајки, пишува британски Телеграф.
Друго 12 годишно девојче било однесено во хотелската соба на педофилот и подложено на „пролонгирана епизода на сексуално злоупотребување и напад“ во 1977 година.
Кон крајот на декадата нападнал уште еднаш – овој пат 13 годишно девојче кое по концерт во соблекувалната му седнало в скут.
Детективот Мајкл Орчард од Скотланд Јард вели дека недостигот на каење кај него и тврдењето дека жртвите лажеле ги прави работите уште полоши. Тој им честитатеш на жртвите за храброста додавајќи дека без нивните сведоштва ќе немале случај за на суд.