Жељко Шашиќ готувал во емисијата на Огнен Амиџиќ по повод скандалот кој настанал околу неговиот однос со керката која ја има со неговата поранешна жена Соња. Пејачот рекол дека своето дете не го видел и ги повикал надлежните институции да му помогнат да ја реши ситуацијата.
– Јас на надлежните органи им предадов се што треба и се надевам дека ќе ми помогнат, верувам во нив, рекол Жељко.
Тој апелира до институциите овој проблем да се реши што побрзо
– Јас своето дете не сум го видел повеќе од 2 години, и не сакам да зборам во емисијава бидејќи ќе стане премногу тажна иако дојдов поради ова, смета пејачот
– Моето дете пиша дека не сака да разговара со мене и тоа е во ред, таа во тој период, Јас од неа не се одрекувам бидејќи родителкста љубов кон детето е огромна, изјавил Шашиќ.
Пејачот смета дека тој моментално е во најлоша ситуација и поради тоа ќе инсистира на свои правила.
– Го осудувам насилството врз жените затоа и се разведов, за да не дојде до тоа. Обично тоа им се случува на жените, но што се случува со мажите. Насилството не познава пол. Мисалм дека секој трпи насилство на свој начин, рекол Жељко во емисјата.
Жељко рекол дека има желба за уште деца.
= Желбите се едно, а можностите друго. Дури сега верувам во љубов. Јас се што правам е само поради љубовта и ништо повеќе, заклучил пејачот
Исто така тој додал дека верува во брак
– Возможно е да сум грешел. Можно е да бев лош сопруг, но дека бев лош татко, тоа никогаш нема да го кажам, ниту пак некој може тоа да ми го каже, рекол Жељко и додал дека некое време се слушал со ќерката.
– Софија едно време ми се јавуваше додека кружеа приказните дека Соња и Лукас ќе се разведат, но откако се смирија и таа автоматски рпестана да ми се јавува, рекол српскиот пејач