Познат претскажувач ја виде иднината – тврди дека Јапонија ја чека голема катастрофа


Еден од најпознатите светски претскажувачи на иднината Рон Бард ги предупредува Јапонците дека се подготвува нова катастрофа. Бард како еден од највлијателните претскажувачи милиони луѓе го земаат здраво за готово.

ron-bard-1374265978-341575Тој соработува и со многу моќни светски компании како „Сега“ и „Мерил Линч“. Во соработка со јапонската полиција во неколку наврати им помагал во истрага на злосторства, а сега се огласил и на „Твитер“ каде ги предупредува Јапонците дека за неколку месеци им претстои голема природна катастрофа и ги предупредува да почнат да се подготвуваат за да ги ублажат последиците.

Тој напишал стотини „твитови“ на Јапонски за што поголем број на луѓе да дознаат за неговото претскажување. Тој верува дека наскоро ќе го објави и епицентарот на трагедијата и тврди дека масовна молитва е единствен начин да се запре катастрофата.

Ова предвидување не може никој да го потврди, но многумина се надеваат дека тоа нема да се оствари. Поради своите „натприродни моќи“, Бард за кратко време успеа од бездомник да стане светска ѕвезда, а покрај другото стана и единствениот претскажувач кој се најде на листата на „Форбс“.

Александра Смилеска

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1