Познат професор пијан паднал во река, од неговиот ранец испаднале две отсечени раце


Познатиот руски историчар и професор Олег Соколов вчера во Санкт Петербург е уапсен за убиство откако во неговиот ранец биле пронајдени женски раце, јавува „Би-Би-Си“.

Шеесет и тригодишниот Соколов пијан паднал во реката Мојка додека се обидувал да ги фрли деловите од телото на жената која ја убил. Полицијата потоа упаднала во неговиот стан, каде го пронашле обезглавеното тело на 24-годишната Анастасија Јешченко.

Русинот потоа признал дека ја убил Јешченко, инаку негова поранешна студентка и љубовница.

Според информациите на руските медиуми, Соколов пред полицијата објаснил дека по жестока расправија ја убил Анастасија, а потоа ги исекол нејзините раце, нозе и главата. Неговиот план бил да се ослободи од телото на убиена жена и потоа јавно да изврши самоубиство, облечен како Наполеон.

Професорот Олег Соколов е експерт за Наполеон и француската историја и добитник на најпрестижната француска награда Легија на честа.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1