Познат руски историчар ја убил и искасапил 40 години помладата љубовница (Видео)


Познатиот стручњак за Наполеон, кој беше почестен со францускиот медал „Легија на честа“, го признал убиството, откако бил пронајден со ранец во кој се наоѓале рацете на девојката.

Според Би-Би-Си, Соколов и рекол на полицијата дека ја убил својата девојка за време на домашна расправија, а потоа и ја отсекол главата, рацете и нозете. Тој планирал да се ослободи од телото и потоа јавно да се самоубие облечен како Наполеон.

Неговиот адвокат изјави дека се изјаснил за виновен и се покајал. Соколов има напишано неколку книги за Наполеон и бил ангажиран како советник на неколку филмови, при што неговата девојка му помагала во неговата работа и била коавтор за неколку дела. Обајцата ја проучувале француската историја и сакале да се облекуваат во костуми, а особено како Наполеон.

Неговите студенти велат дека тој бил талентиран професор кој зборувал француски и го имитирал Наполеон, но дека тој бил и „изрод“ кој ја нарекувал својата девојка „Жозефина“.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1