Телото кое вчера беше пронајдено во автомобил кој беше паднат во длабока бездна на патот Гостивар – Кичево кај каменоломите, најверојатно е на познат скопски бизнисмен, откриваат неофицијални извори од истрагата, јавува Курир.
Тој вчера околу 10 часот беше пронајден во својата Шкода Октавија излетан од патот, а неговото тело беше растргнато.
Од полицијта денес информираат дека во близинана телото е пронајдена патна исправа на лице од Скопје кое на први месецов било пријавено за исчезнато.
Увидот ќе продолжи и денеска, па повеќе официјални информации се очекуваат по неговото завршување.
Press24.mk објавува дека станува збор за бизнисмен од скопски Аеродром кој се занимавал со градежништво.