Познатиот пејач од Србија Игор Лазиќ Нигор, го избегна терористичкиот напад во Тунис. Да нападнеа терористите некој ден порано, најверојатно и тој би настрадал, пишува српски „Ало“.
-Бев во Тунис со пријателите, седев таму четири дена. Не се чувствуваше никаква тензија. Луѓето ме обожуваат. Ме викаа Рамбо, раскажува пејачот.
Пејачот бил гостин токму на местото каде се случи хорор.
-Колку мртви, лежат на истотот место каде јас уживав. Можеа така и нас да не убијат. не можам да престанам да мислам на тоа. Паметен е Вучиќ што советуваше да се летува во Србија, во Тунис нема да одам никогаш, ниту за “жива глава“. Имав луда среќа, раскажува тој за „Ало“.
Според првичните информации, меѓу настраданите нема Срби.