Моделот Андреса Урах, позната по натпреварување за најдобар задник Мис Бумбум во Бразил е на интензивна нега и се бори за живот по неуспешната пластична операција.
Нејзиниот живот е сериозно загрозен откако проблемот бил предизвикан од инфекција која се појавила по операција за вадење колаген од нејзините бутови и мускули. Таа претходно правела операција за додавање на колаген во задникот и бутовите за да постигне бомбастичен изглед.
Мисицата во јули годинава се пожали дека мускулите и скапуваат и дека трпи ужасни болки, па морала на секој четири часа да зема морфиум
Во саботата била итно хоспитализирана поради напредната инфекција на левата нога. По извршената интервенција, мисицата вчера паднала во септички шок и се наоѓа во критична состојба.
Според извештаите таа во изминатите пет години направила најмалку 9 операции. Операција на носот, корекција на лицето, зголемување на градите, липосукција, намалување на вагиналните усни се само дел од интервенциите.