Познат тестаментот – кому Осама Бин Ладен му го оставил богатството


Убиениот лидер на Ал Каеда, Осама бин Ладен во тестаментот, што денеска е објавен, тврди дека поседува лично богатство од 29 милиони долари, а поголем дел од нив се наменети „за џихад во име на Алах“.Osama-bin-Laden-007

Неговата последна волја денеска е објавена, заедно со повеќе од 100 документи кои се запленети во мај 2011 година, за време на упадот на американскикте сили во Аботабад, Пакистан, при што е убиен бин Ладен.

Лидерот на Ал Каеда планирал своето богатство да го распредели меѓу своите роднини, но сакал поголемиот дел од парите да биде потрошен на активности на терористичката мрежа на исламските екестремисти по нападот врз САД на 11 септември 2001 година.

Од документите е отстранета ознаката тајност и се објавени по долготрајната анализа на американските владини агенции.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1