Жената која вчера се породи пред Гинекологија Чаир е во добра здравствена состојба. Добро е и бебето кое при породувањето во автомобилот паднало на бетонот.
Како што пренесе Press24, жената сама со автомобил дошла пред гинеколошко-акушерската клиника “Мајка Тереза и неможела да излезе од автомобилот. Иако луѓето кои се наоѓале во близина веднаш ги повикале докторите тие не излегле да и помогнат.
Директорот на болницата за zdravstvo24.mk изјави дека ова е четврто породување на жената. Претходните три деца ги родила во домашни услови. Сега ја згрижиле и е во добра состојба.