Иако сега 33 годишната Холи Медисон е мајка, поранешната пип-шоу ѕвезда беше една од легендарните девојки на сопственикот на магазинот „Плејбој“, Хју Хефнер и заедно со Бриџит Маргарит и Кендра Вилсон беа учеснички и во серијалот „Девојки од соседството“.
Но, како девојка на Хефнер, секако дека Медисон беше една од девојките кои ја красеа насловната на овој еротски магазин.
Само пет месеци по раѓањето на нејзината ќерка, Денис Ричардс веднаш се врати во топ форма и веднаш се фотографираше за декемвриското издание на „Плејбој“ од 2004 година.
Дру Баримур
Оваа девојка која во својата младост лудуваше со дрогата и алкохолот и не пропушти прилика во 1995 година да се фотограира во „Плејбој“. Сепак, лошата девојка се смири и пред три месеци роди девојче кое го крсти Олива.
Оваа жена ги сруши сите рекорди кога позираше и по 13-ти пат во 2011 година на насловната страна на магазинот „Плејбој“. Сепак, кога не се соблекува, таа е зафатена со нејзините двајца синови, Брендон и Дилан.
Џесика Алба
Кога во март 2006 година Џесика Алба се појави облечена во бикини на насловната страница на еротскиот магазин немала претстава дека тие фотографии се наменети токму за насловната страница на „Плејбој“, а подоцна добила и извинување за нејзината неинформираност токму од Хефнер. Таа во 2008 година стана мајка на Онор Мери, а во 2011 ја доби и втората ќерка Хевен Гарнер.
Фара Фосит
Оваа актерка одбила да позира комплетно гола кога прв пат добила понуда за насловната страница на декемвриското издание на магазинот од 1978 година, но се предомилила во 1995 година кога повторно ја прашале.