Јоханес Штрасман, познатиот 29-годишен покераш и милионер, дрогиран паднал во реката Љубљаница и се удавил, покажале резултатите од обдукцијата. Во телото на Штрасман било откриено присуство на поголема количина на дроп-халуциногени “магични печурки”.
Телото на Штрасман било пронајдено во Љубљаница на 27-ми јуни, речиси една седмица откако било пријавено неговото исчезнување.
Словенечката полиција не пронашла траги на насилство, а форензичарите заклучиле дека Штрасман го загубил животот ноќта помеѓу 21-ви и 22-ри јуни. На пат кон хрватското приморје, каде што тргнал на одмор, Штрасман бил во Љубљана за да се сретне со некои пријатели од покерашките кругови, а на некои од нив им бил и тренер.
По разделбата со нив на 21-ви јуни му се губи секаква трага.
Штрасман е роден во 1985-тата година во Бон, а во средината од минатата деценија стекнал репутација на еден од најдобрите играчи на покер на турнирите, но и на интернет.
Само од турнирските учества Штрасман заработил 1,5 милиони американски долари.