Прасе со глава на слон ги уплашило мештаните


Во домаќинството на Стеван Бабиќ од хрватското гратче Градишка, свињата родила прасе со глава на слон, кое починало само неколку часа потоа

Веста за случајот бргу се проширила и многу соседи дошле да видат за што станува збор, зашто не и верубвале на приказната на Стеванprase(2)

-Ова кутро животно, кое повеќе личи на слон, отколку на прасе, живееше само неколку часа, одеше, се бореше за храна, но умре. Се обидував да му помогнам, меѓутоа тоа не успеа, зашто му пречеше сурлата, ја објаснува Стеван глетката во неговата штала, каде што свињата, по вештачкото оплодување, се опрасила со 17 млади. Десет од нив преживеале, а останатите, заедно со ова кое потсетува на слон, загинаа.

„Изгледот на ова прасе, што моите домашни го нарекоа слонче, многу ме исплаши и ме зачуди. Затоа ги повикав комшиите, зашто никој не ми веруваше и мислеа дека лажам, измислувам или фантазирам“ додава Стеван.

Вели дека во неговите крда никогаш досега немало мутации како што е оваа, а причините ги гледа во присуството на хемијата во земјподелството, во осиромашениот ураниум и во климатските промени. Стручњаците за ова имаат објаснување. Момир Цветковиќ, инженер по сточарство , кој прв дошол на повикот на Стеван вели дека природата си поиграла со ова прасе , кое по смртта е сместено во замрзнувач, заради стручна опсервација.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1