Пратеничка од редовите на ВМРО-ДПМНЕ е позитивна на Ковид-19, потврдуваат од пратеничката група.
Според информациите, таа била позитивна на вирусот пред повеќе од една недела, но две недели претходно не доаѓала на работа во Собранието.
Покрај неа, во изминатите денови беше објавено дека позитивни на тестот за Ковид-19 се и пратениците Лазе Танески од СДСМ и Исмаил Јахоски од ДУИ. Претходно, пак, инфициран со коронавирусот беше и Арбен Зибери, кој за изборот на Влада гласаше од посебна просторија во Собранието.