Пратеничката на СДСМ удрила во одрон, па возило се забило во неа – МВР со детали


Во 17 часот и 50 минути на патот Демир Капија-Удово, на местото викано „Маркова чешма“, се случила сообраќајна незгода во која се повредени две лица.

Полицијата информира дека се работи за 33-годишната М.Л. од Валандово, која управувајќи патничко возило „Опел Корса“ со гевгелиски регистарски ознаки удрила во одрон од камења на коловозот. Веднаш потоа, 57-годишниот А.М. од Богданци, управувајќи товарно возило „Волво“ со гевгелиски регистарски ознаки, кој возел зад “Опел“-от, удрил во возилото „Опел Корса“.

М.Л. и сопатникот во „Опел“-от, 30-годишниот П.К. од селотоУдово, валандовско, со возило на Итна медицинска помош биле пренесени во Општа болница Кавадарци. Кај П.К. биле констатирани телесни повреди, додека кај М.Л. биле констатирани тешки телесни повреди.

Поради сериозноста на повредите, М.Л. била пренесена во комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.

Увид на местото на настанот извршиле Јавен обвинител и увидна екипа од Полициската станица Неготино.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1