Пратеници шмркале кокаин позади српското Собрание


Осмочлена група на дилери е уапсена во Белград, поради сомнение дека шверцувале кокаин од Србија во Обединетит Арапски Емирати. Дрога препродавале и на српските политичари и тоа на задните врати на Народното собрание.skupstina-1-660x330-640x320

Како што потврдил извор од истрагата за српски „Курир“, постои сомневање дека бандата препродавала кокаин на улицата „Косовска“, токму позади улицата на Парламентот. Таму што се наоѓа и приватната фирма на Иван Радовиќ-Коки, водачот на групата, која служела како параван во организираниот криминал за трговија со кокаин.

– Во близината на станот често се забележани и познати личности, меѓу кои и старлети, но и фумкционери од неколку партии, поради што и постои сомневање дека овие простории се изнајмени со јасна цел – вели изворот.

Помеѓу уапсените „мулиња“ е и „клаберката“ Нина Прља, која во градските кругови е позната по дружбите со јавни и влијателни лица. Таа потенцирала дека е во добри односи со неколку политичари.

– Всушност, целата група познава многу функционери, a се претпоставува дека наскоро ќе се дознае кој моќник е најблизок со Прља – вели изворот.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1