Пратениците го изгласаа Законот за медиуми – амандмани за интернет порталите догодина


Прво закон, а потоа амандмани, со 62 гласа „за” Собранието го изгласа Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги.

sobranie vnatre3Опозицијата го наушти гласањето, а од Самостојниот синдикат на новинари сметаат дека со донесувањето на законите ќе отворат нови проблеми за новинарите и медиумските работници.

Министерот за информатичко општество Иво Ивановски пак најави дека идната владина седница ќе ги достави предлог амандманите на двата медиумски закони. Истакна дека со претставниците на ЗНМ се договориле дека од законите ќе бидат изоставени интернет медиумите, додека печатените медиуми ќе имааат обврска само за импресум.

„Дополнително во период од пет до шест месеци ќе дискутираме за МРТ. Тоа што ветив со претседателот на ЗНМ на следната владина седница ќе го реализираме”,истакна Ивановски.

За опозицијата изгласувањето на овој закон е резултат на пазарењето меѓу коалиционите партнери во власта, ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1