Возењето по принципот пар-непар и користењето велосипед се добри мерки,но само привремено ќе го намалат загадувањето во Скопје,сметаат пратениците, пренесува Сител.
На градот му е потребно луѓето почесто да ги користат автобусите,напоменувајќи дека тоа решение долгорочно ќе го врати чистиот воздух во главниот град. Проблемот го лоцираат во тоа што едно семејство се вози и во 3 различни автомобили. Велат дека се први меѓу еднаквите кои го користат јавниот превоз,и ги повикаа сограѓаните што помасовно да ги искористат поволностите на градските автобуси.
Поттик ќе биде и збогатувањето на автобускиот возен парк,со што автобусите ќе бидат подостапни за граѓаните.
Како дополнително трајно решение го наведуваат и озеленувањето на градските површини,како и почитувањето на еколошките закони кроени по европски терк.
Повеќе погледнете во видеото на Сител