Пратениците многу ни пцуеле – со казни ќе ги тераат да бидат покултурни


Собранието ќе усвои етички кодекс, кој ќе предвидува казни за пратениците што недолично и некултурно ќе се однесуваат кон колегите или ќе ја попречуваат работата на парламентот.

tepacka sobranieСпоред првичниот предлог на ВМРО-ДПМНЕ, се предвидува опомена, опомена пред исклучување или исклучување пратеник од работа на седница на Собранието на еден, два или пет дена за недолично однесување, навреди, омаловажување и попречување на седницата. Ако биде исклучен некој пратеник, платата ќе му биде намалена за пет отсто за секој казнен ден.

Освен ВМРО-ДПМНЕ кој понуди етички кодекс дека ваков документ е неопходен сметаат и владејачката ДУИ и опозицискиот СДСМ, но за социјалдемократите е битно да има казни не само за навреда, туку и за непочитување на законите и Уставот, како и да има двостепеност во одлучувањето.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1