Пратениците на СДСМ веќе втор месец земаат плата, иако не одат на работа


Јунската плата легна на сметките на пратениците. И опозиционерите кои не доаѓаат во Парламентот добија месечен надомест од 1000 евра. Иако си поднесоа оставки, до законодавниот дом ги доставиле и своите трансакциски сметки.
Граѓаните цинично велат дека убаво би било кога сите би земале пари за неработење.
uzima mitoПрвиот парламентарец  Вељаноски им дава луфта на народните избраници од СДСМ и коалицијата уште два месеци да размислат за оставките. Летово нема да ја закаже седницата за нивно констатирање се со цел да ја остави простор за продолжување на политичкиот дијалог.
Парламентарците же одат на колективен одмор од 4 август, а до тогаш ќе ги засукаат ракивите. На 10 јули треба да ги изберат замениците министри. До крајот на наредната недела е предвидено и да се направат измените на законот за пратеници кој беше поднесен од Александар Николовски. Истиот беше повлеќен од процедура и деновиве п-овторно доставен, но од двајца предлагачи. На Николовски му се придружи и Талат Џафери од ДУИ.
Со измените се предвидува  оние кои на функцијата ќе се задржат помалку од 6 месеци, ќе имаат право на три месеци апанажа, оние што во парламентот биле од 6 месеци до една година ќе земаат дополнително уште 6 месеци плата. Оние што на функција биле до две години, ќе имаат право на 9 месеци апанажа, а оние над две години – една година.
Парламентот треба да ги изгласа и одлуките за покривање на трошоците за изборната кампања. За околу три месеци партиите ќе се офајдат со државни пари. За секој глас по 15 денари и за претседателските и за парламентарните избори.
Во меѓувреме пред парламентарците ќе се најдат и уставните измени предложени од Владата.
Alfa.mk
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1