Прават ,,секс снимки,, и ги продаваат за 800 евра на интернет


На балканов се поголема невработеност аха сигурно… Слика има, тон има… акција. Се повеќе луѓе на Балканот со цел да заработат ги испраќаат своите снимени видеа, од љубовните сцени , во спалните соби, на сајтови на кои за тоа им плаќаат.

Видео записите се испраќаат на љубителите на фетиш, кои купуваат исклучиво снимки без вулгарности, на кои се прикажуваат само поедини делови од телата.

Пресметките говорат дека на овој начин може да се заработи и до 800 евра месечно, но тоа никако не е оправдување за овој скандалозен бизнис. Целата работа функционира отприлика на овој начин: Го снимате својот секси клип, наоѓате некои од сајтовите кои ќе ги откупат аматерските порно снимки и откако ќе се договорите околу цената, тие ќе ви ги уплатат парите. На тој начин ќе заработувате и вие, но и тие. За армијата невработени на балканот ова е одичен „бизнис“ кој звучи доста примамливо, поради што еден број на луѓе прилично голем, се одлучува за ваквата професија. Но, не е баш се така едноставно, ниту пак препорачливо.

Опасна демократија

Најпродаваниот производ на интернет денес е порнографијата и поради тоа не чуди што оваа гранка, која може да се заведи под „домашно секс видео“, се развива се повеќе и повеќе.

Драган Варагиќ, IT експерт за работна примена на интернет, вели дека демократизацијата на интернетот е до тој степен развиена, што во прилог говорат и податоците кои се објавени пред неколку дена, дека 200,000 луѓе на балканот живеат од ваквиот бизнис. Се заработуваат речиси до две три просечни плати во земјите во развој на балканските простори, со кои може да се обезбеди доволно за поприлично нормален живот.

При посетата на еден од сајтовите, може да се забележи дека поголемиот број од актерите се млади, кои на ваков чекор се одлучиле, затоа што релативно лесно се заработуваат парите. Поголемот дел од сајтовите даваат и награди од по неколку илјади долари за најдобрата снимка на месецот, како и објаснувањето како самите да направите снимка и покрај тоа што не сте професионалец.

„Дали е ова нешто кое што го работите секој ден, или нешто кое што досега не сте го направиле, ние ве советуваме да ја уклучите вашата веб камера и да дозволите и други луѓе да ве пронајдат и да ве запознаат“, пишува во упатството кое што го испраќаат некои од вебсајтовите. Таков пример е selyoursextape.com.
Еден од соговорниците кои што сакал да остане анонимен и кој има познаници кои снимале вакви видеа, говори за тоа како истите се одлучиле на ваков потег.
„Двојките кои што ги познавам обично се решаваат на вакво нешто откако претходно ги виделе другите како ги закачуваат нивните снимки. А парите се само дополнителен мотив. Дополнително се охрабрија поради тоа што едниот од нив остана без работа“.

Внимавајте што правите

И покрај тоа што на некои ќе им се види ваквата заработувачка лесен чекор за излез од кризата, но од друга стра мора да се признае дека треба да се има и „стомак“ за истата, треба да се земат во предвид и негативните сегменти. Замислете да вашиот прв комшија, кој редовно ги посетува ваквите сајтови, ве види во акција со вашата сопруга, или пак вашето дете неколку години подоцна ги види своите мама и тато на интернет.

На прашањето дали ова се чини како оправдан потег на очајниците, психологот Радмила Грујчиќ вели дека не може да се согласи со ваквите постапки, затоа што постојат и двојки кои ги одбираат морално поодговорните патишта.

„Сексот е дел од интимата. Неговата продажба може да се смета како воајеризам, егзибиционизам, па дури и перверзија. Некои покрај заработката може да чуствува и лично задоволство што голем број на луѓе ја следат неговата интима. Според мене ова е еден вид на проституција, а секогаш постои начин да се заработат пари на некој нормален и одговорен начин. Секој може да бира дали ќе биде проститутка, нарко дилер или нешто трето. Затоа не можам да се согласам дека ова е нормално и прифатливо да се продава својата интима преку интернет за пари“, заклучува Радмила Грујчиќ.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1