Правен факултет го отфрли концептот за државен испит


Факултетската управа на Правниот факултет денеска го отфрли концептот за државен испит како противуставен. Оваа вест денеска ни ја потврди и деканот на Правниот факултет, Борче Давитковски кој рече дека материјалот, кој што е образложен на четири-пет страници им е поделен на сите вработени да се изјаснат, пренесува Утрински.

4064141CEC1F3F489B9F92FFAEC00CE9

Студентскиот пленум побара од Правниот факултет да донесат за „екстерното“, по што деканот на овој факултет свика Факултетска управа, на која како што се дознава, со стручни аргументи и забелешки, од страна на повеќе професори бил отфрлен концептот за државен испит.

Конечната одлука ќе биде донесена в петок, а претходно професорите на Управата ќе дебатираат и ќе ги спротивстават аргументите за и против.

Овој потег доаѓа откако Министерството за образование до сите ректори на универзитетите го испрати концептот за државен испит, а потоа, во петокот бил препратен до деканите да го разгледаат и анализираат концептот.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1