Амурскиот тигар Кузја, кого рускиот претседател Владимир Путин го пуштил во дивината и кој пред неколку денови „пребегнал“ во Кина, е обвинет за напад врз кокошарник во едно село во покраината Хеилонгјианх на североистокот од Кина
Како што известија денеска кинеските медиуми, Кузја, наводно, на една фарма изел неколку кокошки и зад себе оставил траги од крв, своите шепи и пердуви.
Кујза во пограничната служба пред три дена го „пријавиле“ локалните жители.
Руските власти, откако минатата недела забележале дека Кузја ја напуштил руската територија, најавија дека преку дипломатски канали ќе ги известат кинеските власти за „ненајавениот гостин“ бидејќи стравуваат дека тој би можел да биде цел на напад на некој од локалните фармери.
Кујза е еден од трите тигри кои Путин ги пуштил на слобода во мај оваа година во Амурската област. Во почетокот на октомври кинеските експерти известија дека Кузја ја преминал руската граница и повеќепати е виден во покраината Хеилонгјианх. Поставени се повеќе од 60 автоматски видеокамери за да се следи неговото движење.
Во дивината живеат помалку од 500 амурски тигри и тоа повеќе во источна Русија, северноисточна Кина и северниот дел од Корејскиот полуостров.
Станува збор за загрозен вид бидејќи се лови поради црвеното крзно украсено со црни пруги.