Пречек со полиција, но и со масовни протести – осомничениот Шиповиќ се враќа утре


Во вторник, кога се очекува претседателот на Советот на општина Центар Мирослав Шиповиќ да се врати во Македонија и да биде приведен, СДСМ најверојатно ќе организира протести. Ова било решено на вчерашната седница на раководството на СДСМ.

sipГрадоначалниците од опозицијата нема да го напуштат ЗЕЛС но ќе ја замрзнат работата во ова тело а СДСМ ќе го прекинат и учеството во работната група во парламентот, што треба да ги спроведе препораките во врска со настаните од 24 декември лани.

Советниците на најголемата опозициска партија ќе изразат протест на тој начин што  нема да учествуаат во работата на првата наредна седница на советите во сите општини во Македонија.

Овие одлуки на СДСМ се реакција на полициската акција „Претседавач“, за која опозицијата смета дека е политички монтиран случај. Непосредно по најавите дека ќе биде уапсен Шиповиќ, СДСМ побара тој да се брани од слобода.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1