Пред да претерате со варени јајца – добро е да се знае ова


Јајцето е богато со холестерол, едно големо јајце содржи толку холестерол, колку што ни е потребен внес за целиот ден. Целиот  холестерол од јајцето (213мг), се наоѓа во жолчката. Еве што се содржи едно јајце – и зошто е добро, а зошто лошо за здравјето. Лекарите препорачуваат сепак да не се претерува со консумирање на голема количина јајца во текот на еден ден. Умерената конзумација може да донесе позитивни работи за нашето здравје.

jajce4

Белката на јајцето е составена од околу 85-90% вода, 10-12% белковини и под 1% јаглехидрати, масти и минерали. Мастите застапени во белката се полинезаситени и поради тоа не се штетни.

Белката од јајцето е еден од најдобрите извори на протеини. Од едно јајце, од кое добиваме 6 грама протеини, половина од нив ги добиваме од белката.  исто така, може да го намалите и ризикот од срцеви заболувања. Во една белка од јајце,исто така содржи и 1,3 мг на фолати, 6,6 мг селен, 2,3 мг калциум, 3,6 мг магнезиум и 4,9 мг фосфор.

Во жолчката се содржат и витамините А, Д и Е. За разлика од белката, во жолчката од јајцето има холестерол. Околу 2% од жолчката е холестерол, но тој не е толку опасен како што се сметаше некогаш.Жолчката на јајцето содржи лутеин и зеаксантин. Овие два антиоксиданси, од групата на каротеноидите, придонесуваат за подобрување на здравјето на очите и ги заштитуваат од ултравиолетовите зраци.Жолчките содржат повеќе од 90% од калциум, железо, фосфор, цинк, тиамин, Б6, фолна киселина, и Б12, и пантотетичка киселина на јајцето.

2011-04-05-08-40-58-4-the-egg-yolk-color-is-determined-by-what-the-hen-a

Јајцата не се високо калорични, тие содржат само околу 71 калории во едно јајце. Доколку ја отфрлите жолчката која има 55 калории , во белката ке ни останата само 16 калории.

Јајцата се богати со холин кој има силна улога во развојот на мозокот и неговото функционирање. Тој е особено важен за бремените жени затоа што е потребен за развиток на мозокот на фетусот. Две големи јајца содржат 252 милиграма холин. Тоа е речиси половината од дневните потреби.

9 есенцијални аминокиселини не можат да бидат создадени во телото и треба да се внесуваат преку исхраната. Јајцата се вбројуваат во малкуте храни кои што ги содржат овие девет аминокиселини. Пресметано е дека две средни по големина јајца го снабдуваат организмот со исто толку незаменливи аминокиселини, колку 80-100g месо.

Луѓето без здравствени проблеми  не треба да јадат повеќе од 300 мг  холестерол дневно,  а оние кој страдаат од заболувања како што се дијабетис или кардиоваскуларни болести не треба да јадат повеќе од 200мг холестерол дневно.

Жените што секој ден консумираат јајца имаат поголем ризик од смрт отколку другите жени на нивна возраст, покажува истражувањето на Јапонските научници.

jajcaИстражувањето на научниците од Универзитетот во Кјото траело 14 години, а во него учествувале 9.300 мажи и жени кај кои бил следен внесот на одреден вид храна. Утврдено е дека жените што секој ден консумирале по 1 јајце, во однос на жените кои консумирале само 1 или 2 јајца неделно, имале за 22% поголем ризик за смрт од која било причина.

На зголемувањето на ризикот не влијаеле фактите како возраста или телесната тежина, односно пушењето. Уште поголем ризик бил забележан кај жените што секојдневно консумирале 2 или повеќе јајца.  Жените што почесто јаделе јајца имале и зголемен ризик од заболувања од срцеви болести или пак дека ќе настрадааат од мозочен удар.

Добиените резултати научните ги објсниле со високото ниво на холестерол во јајцата и додаваат дека само 1 јајце содржи 2/3 од препорачаниот дневен внес на холестерол за едно возрасно лице.  Кај машките испитаници не е утврдена никаква врска меѓу консумирањето јајца и зголемениот ризик од рана смрт.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1