Туристичкото место Мати во Атика, во близина на Атина, е едно од најпогодените во катастрофалните пожари во Грција, во кои според последните информации загинаа најмалку 79 лица.
Токму во ова место беа пронајдени 26 јагленосени тела, за кои медиумите објавија дека најверојатно се познавале меѓусебно, бидејќи беа најдени прегрнати во групи.
Мати денеска е целосно уништено, а многу негови граѓани останаа и без своите домови.