Со шок и неверување гастарбајтерите од Македонија, но и жителите на дебарскиот регион ја слушнаа немилата вест за трагичната сообраќајна несреќа во Италија во која животите ги загубија Амир Мерчески (19) од село Бајрамовци, општина Центар Жупа и Хамлет Хетемоски (21) од дебарското село Џепиште, пишува Дневник.
Во несреќата загинал и Јурген Хаску (17), кој според нашинците со кои контактиравме е од албанска националност и по потекло е од Kосово. Сепак, според некои италијанските медиуми, и Хаску бил од Македонија.
– Судбината ја пишува друг, а не ние. Но се прашувам какво било тоа пенкало со која е напишана оваа судбина. Момчињата беа многу примерни, дури не ни пушеа, а камоли да пијат алкохол. Особено не сега, во текот на рамазанскиот пост. Потекнуваа од родители домаќини, како што велиме ние, работливи, примерни. Пред некој ден Амир се сврши со невеста од нашиот крај, која живее во Италија, па решил да ги почести другарите. На враќање се случила трагедијата – вели нашинец, кој добро ги познава семејствата Хетемоски и Мерчески, чиј син единец бил Амир, пренесува весникот.
И според италијанските медиуми, алкохолот не е причина за несреќата.
Се претпоставува дека неискуството на Росарио Бруганди (19) е причината што автомобилот „форд фокус“, кој го управувал на влажниот коловоз, со преголема брзина влегол во свиок, па преминал на спротивната страна на коловозот.
Возачот изгубил контрола, па „фордот“ се судрил со автомобил „мерцедес А“, кој доаѓал од спротивен правец, по што удрил во металната банкина. Од ударот, автомобилот со нашинците прелетал преку банкината и паднал превртен во близина на локален ресторан.
Целата потресна приказна, прочитајте ја на Дневник