Пред одмор проверете: Дали во земјата каде патувате имате здраствено осигурување


Во случај на сообраќајна несреќа, алергија, труење со храна, забоболка  бесплатно може да се лекувате во 15 држави со кои Македонија има склучено договор за социјално  осигурување.

За итна интервенција ова право може да се искористи  во Црна Гора, Бугарија и Турција каде најчесто македонците одат на летување, но не и во Грција и Албанија. Со нив Фондот нема договор.

prva pomosЗа да се добие неопходна медицинска  услуга во странство на товар на државата пред да тргнете на пат потребено е да имате  ваков двојазичен образец , потврда од  матичниот лекар и дополнително од гинеколог за жените како и мислење од лекарска комисија на фондот дека осигурениците се здрави. Обрасците се вадат во подрачните служби на ФЗОМ истиот ден кога се приложуваат и потврдите. Сите докумненти се бесплатни.

Двојазичните обрасци во странство важат само за лекување во државни болници и амбуланти. По вражањето Фондот ги рефундира парите на осигурениците.

Минатата година вакви двојазични опбрасци побарале околу 400 македонски граѓани. Од лани фондот ја покрива и референтната цена за дијализата во странство.

Sitel.mk

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1