Пред три години ја најдоа ќерка и мртва, сега загина и пратеничката – ова е последната порака


Поранешната пратеничка на војводинскиот парламент Неда Бодрожиќ (54) загинала на патот Нови Сад – Сириг.

Како што јавуваат српските медиуми, тешката несреќа се случила вчера, а автообилот во кој било телото на настраданата Нада е пронајдено утрово околу 6.30 часот.ivana-bodrozic-nada-bodrozic-zeljko-mitrovic-hajat-soba-foto-marina-lopicic-1447192574-781819

До трагедијата дошло кога Неда, која го управувала возилото, излетала од коловозната лента во одводниот канал покрај патот.

Имено, Неда вчера како и секоја недела, отишла на гробот на нејзината ќерка во Сириг после тоа била на ручек кај пријатели,а потоа вечерта за пат накај дома, пораншната пратеничка загинала на лице место, а Итната помош само констатирала смрт.

Душо моја, вака изгледа мојот живот, вака е оковано моето срце. Лед, болка и тага. Нема сонце кое може да ја скрши таа санта, сонце мое.

Ова е последната порака која поранешата пратеничка Неда Бодрожиќ ја напишала на својата ќерка Ивана, која беше најдена мртва пред три години. Изгледа раните на мајката сеуште крвареле.

Несреќата се случила утрово на патот Сириг – Нови Сад, како што пишува српски Блиц, Неда управувала со возилото и од се уште непознати причини излетала од патот.

Бодрожиќ беше пратеничка од Демократската партија во минатиот состав на парламентот, но и мајка на трагично починатата Ивана која во 2014 година беше пронајдена мртва во „Хајат“. Официјалната истрага утврди дека во нејзината крв имало кокаин и анестетик пропофол, но нејзината мајка повеќе пати во медиумите тврдеше дека таа не се самоубила, како и дека била во врска со сопственикот на „Пинк“ Жељко Митровиќ.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1