Пред Велигден направете ги овие работи- среќата и љубовта ќе ве следат цела година


Православните верници во недела го празнуваат најголемиот празник Велигден. Со овој ден се поврзани многу обичаи и адети на македонската традиција.

Старите верувале дека ноќта спроти Велигден треба да донесете вода од бунар или пуштете директно од чешмата во кујната. Со оваа вода испрскајте ги собите и особено внимателно- градината и цвеќињата. На овој начин се изгонуваат гревовите, лошите мисли и злото од домот.veligden jajca

Дете кое се родило во Страсната седмица и особено ако е родено на Велигден, ќе има среќа во секој потфат и нема да се жали на недостаток на добро здравје.

Младите жени кои сеуште не добиле понуда за брак, треба да ги кажат неколку минути пред доаѓањето на Велигден следниве зборови: Воскресение Христово! Испрати ми маж кој ќе ме направи среќна!

Се смета дека на Велигден се остваруваат сите љубовни верувања. Ако си го удрите лактот некаде, бившиот сеуште Ви е омилен и не може да го заборавите и тој ќе направи сè за да ве врати.

Ако во чинијата со храна Ви падне инсект, ќе ви се јави стар пријател за средба, која ќе промени многу работи во вашиот живот. Ако ви чеша долната усна, очекувајте нова љубов.

Се смета дека во ноќта спроти Велигден не треба да се крева бучава во домот. Во спротивно тоа ќе ги привлече сите зли и негативни енергии кон вашиот дом.

Цели четириесет дена по Велигден православните христијани се поздравуваат меѓусебно со поздравот Христос воскресна! А, одговорот е Навистина воскресна!

Самиот Велигден се слави цели седум дена, односно на целата недела и затоа таа се нарекува Светла Велигденска Недела.

Дури и да не сакате некој човек, ако точно на Велигден ви побара услуга или ваш стар пријател со кого сте скарани, Ви побара да му простите, тогаш мора да се ослободите од предрасудите и бидете добри христијани.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1