Пред Велигден пензионерите блокирани поради сметки за МРТВ


Сметки на пензионери се блокирани поради неплатена радиодифузна такса за МРТВ, соопшти Левичарското движење Солидарност.Denari

„На огромен број пензионери им се блокирани сметките и не можат да земат пензија. Блокирани се од МРТВ за неплатени сметки и тоа сметки постари од една година. На една пензионерка и е блокирана сметката за износ од 5.400 ден. Сумата може да се плати и на рати, меѓутоа, сметката ќе се деблокира, откако ќе се плати последната рата. Во УЈП има огромна гужва, а за деблокада на сметка земаат 1.000 ден.

Правна помош никако не е можна. Ќе се тужиш со години и пак на крајот ќе мора да ја платиш сумата плус судски трошоци. Според одредени сознанија, во цела држава се блокирани сметките на пензионерите кои повеќе од 3 месеци не платиле радио-дифузна такса. Не ли им е срам. Пред Велигден, пензионерите ќе останат без пари…Со што ќе купат лекови? Ќе платат сметки?“ прашуваат од Солидарност.

PlusInfo

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1