Предлог-законот за амнестија не помина кај пратениците


За Предлог-законот за амнестија, поднесен од пратениците Павле Трајанов и Лилјана Поповска, денеска останатите пратеници на  10-то продолжение на 74-та седница одлучија дека не е прифатлив и не може да помине во понатамошно читање.sobranie vnatre3

Предлагачот Павле Трајанов објасни дека Предлог-законот изработен од страна на Демократскиот сојуз врз основа на направени анализи на состојбите во Република Македонија и врз основа на компаративни искуства.

Сепак, другите пратеници заклучија дека тој не може да помине во понатамошно читање. Предлог-законот за амнестија предвидуваше амнестија на осудени лица за сторени кривични дела со единствена казна затвор до три месеци, како и за сторителите на кривични дела криумчарење мигранти, за кои се предлагаше потполно да се ослободат.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1