Предлогот за прогласување на Хераклеа за културно наследство на владина седница


Владата на денешната седница ќе се произнесе за предлог-одлуката за прогласување на Споменичката целина „Археолошки локалитет Хераклеа Линкестис”, во Битола за културно наследство од особено значење, поткатегорија големо значење, на предлог на Управа за заштита на културното наследство.

Хераклеја Линкестис е градска населба од старомакедонско време до средниот век. Основана е кон средината на IV век пред н.е. од страна на кралот Филип II Македонски, како важен стратегиски пункт. Се наоѓа на јужната периферија на градот Битола, во подножјето на планината Баба.

На предлог на Министерство за економија, Владата на денешната 71 седница која ќе започне во 12 часот ќе ја разгледа и информацијата за активностите за изработка на среднорочна Стратегија за општествена одговорност , како и предлог-решението за назначување на Претседавач и членови на Национално координативно тело за имплементација на конвенцијата на Обединетите нации за правата на лицата со попреченост.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1