Предмети запленети во Фаланга 2 им ги враќаат на адвокатите – биле копии


Дел од предметите запленети во Фаланга 2 им биле вратени на адвокатите бидејќи биле копии. Според адвокатите станува збор за 20- тина предмети најголем број земени од прво-осомничениот, раководител во Управата за заштита на културното наследство, јави Канал 5.

falanga-2-По ова адвокатите очекуваат позитивен исход од истрагата за нивните клиенти, од кои дел се уште се во притвор.

-Не постојат докази во овој предмет. Ниту една сонда метал детектор не е најден кај обвинетите.  Најдени се икони кои ќе бидат предмет на вештачење но за тие икони постојат сертификати издадени од Управата и Музеј на Македонија кои се доставени до истражниот судија, а другите предмети се веќе вратени, вели адвокатот  Звонко Давидовиќ.

За сведоци ќе повикуваат и високи функционери од МВР бидејќи првоосомничниот поранешен инспектор во Управата, заедно со нив соработувал во првата акција фаланга а бил и клучен сведок на обвинителството.

Акцијата Фаланга два беше спроведена на крајот од април. 16- мина се осомничени дека организирано во група и со соодветен алат вршеле илегални ископувања и одземале археолошки предмети од непроценлива вредност, кои потоа ги продавале на странци и во аукциски куќи.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1