Теодора Викторовиќ, чиj дедо глумеше во серијата „Подобар живот“ е уапсена поради сомнение дека со сатар ги усмртила мајката Љиља и бабата Иванка. Приведен бил и нејзиниот сопруг Бранислав Стаменков.
Теодора Викторовиќ (39), внука на актерот Михајло Викторовиќ, познат од серијата „Подобар живот“, e уапсена поради сомнение дека со сатар ги убила мајка си Љиљана (62) и бабата Иванка Џукиќ (91) во стан на Милешевска улица во кој се наоѓала и нејзината шестмесечна ќерка, пренесува српски „Курир“.
Полицијата го уапсила и нејзиниот невенчан сопруг Бранислав Стаменков (39), чија улога во ова злосторство ќе треба да се испита, затоа што и тој бил во станот за време на грозоморното убиство. Теодора била однесена во тешка состојба на ВМА, бидејќи била предозирана со акохол и лекови.
Сомнителен е и сопругот
Семејната трагедија се случила завчера околу 10:30 часот во стан во центар на Белград.
– Кога полицијата пристигнала, затекнала страотна глетка. Теодора имала нервен слом. Била пијана и испила голема количина седативи. Нејзината баба и мајка биле пронајдени во кревет, па се верува дека биле убиени додека спиеле. Сатарот со кој било извршено злосторството било пронајдено во тоалетот. Во исто време, во друга соба било нејзиното бебе, додека постариот син бил во градинка – кажал извор од истрагата и додал:
„Полицијата го повика и нејзиниот сопруг Бранислав, кој рекол дека во станот избувнала тепачка. Тој исто така е уапсен за да се утврди дали и тој е вмешан во ова двократно убиство. Од местото на злосторството се земени примероци од сите траги со чија детална анализа ќе биде утврдено кој ги усмртил Љиљана и Иванка“, пренесува српски „Курир“.
После увидот кој траел неколку часа, децата од Теодора биле одведени ја вработените од Центарот за социјална работа. Соседите рекле дека ја познавале Иванка, чии сопруг бил воено лице и Љиља, поранешна сопруга на Оливер Викторовиќ, син на актерот Михајло Викторовиќ. За Теодора навеле дека дека со Стаменковиќ била во вонбрачна врска неколку години, дека имаат тригодишен син, а во август добиле и ќеркичка.
– Тие четворица и две деца живееја во стан од 50 квадратни метри. Теодора беше добра жена, но кога ќе се напиеше алкохол не можевме да ја препознаеме. Порано користеше и наркотици. Повремено се слушаше бучава од нивниот стан – раскажала една соседка.
Една од пријателките на Ивана истакнала дека Теодора била ментално болна.
Проблеми со дрога
Пријател од Љиљана кажал дека таа одамна се развела од Оливер и дека тој подоцна починал. „Го знаев Оливер. После разводот ми се жалеше дека Теодора се дрогира. Љиља работеше како продуцент, а неодамна отиде во пензија“, рекол тој.
Алкохол и лекови
Теодора Викторовиќ после злосторството имала околу 3,5 промили алкохол во крвта и не била способна да одговара на прашањата. Било констатирано дека користела таблети и алкохол.