Предупредување – лажен update на Flash Player е вирус


Експерти од фирмата „Bitdefender“ ги предупредија интернет корисниците, за лажните дополнувања за Хромот, кој меѓу другото може да ја измени контролата над фејсбук налозите.


Computer VirusПродолжувањето кој беше претставен како комерцијлна верзија на Флеш плеерот, може да биде извор на голем број на проблеми на корисниците на вирусаните компјутери.

Меѓу другото, тоа ги надгледува активностите на жртвите на интернетот и кога благодарение на „cookies“ ќе открие кога корисникот на вирусаниот комјутер ќе се пријави на фејсбук, им овозможува на криминалците, кои се нејзини автори и дистрибутери, да користат лажни налози на жртвите онака како што сакаат.
Линкот за превземање на екстензијата под име „Business Flash Player“ може да го добиете во спам имејл, а кликот на линкот, ќе ве однесе на страницата „Chrome Web Store“. Со помош на „Javascript“ кодот кој ќе и каже на дополнувањето што да направи со налогот, криминалците стануваат „сопстввениците“ на истиот.

Екстензијата зад грбот на жртвите ги лајкува страниците, ги објавува малциозните линкови и испраќа спам пораки на пријателите на жртвата. Интересно е дека некои од страниците кои се лајкувани имаат над 40,000 лајка и покрај фактот дека на овие страници немаат никакви содржини.

Facebook's Influence In Consumer Consumption Of News GrowingЕкспертите од „Bitdefender“ велат дека ваквите сајтови се продаваат на руски хакерски форуми по цена од 150 до 200 долари за страница со 100,000 лајка и тоа на оние кои бараат начин да продаваат фалсификувани роба, на корисниците на друштвените мрежи, или да дистрибуираат свои софтвери или нешто слично.
Кога некој купува ваков сајт со стотина илјади фанови, но без содржина, може само да го промени своето име и содржина.

Изгледот и името на страницата може да се промени, така што истата ќе личи на некој познат бренд. „Bitdefender“ идентификуваше една таква страница која се користи за продажба на спортска опрема Најк.
Јасно е дека групата која стои зад оваа екстензија сакала преку неа да собере лајкови од корисниците на друштвените мрежи. Криминалците можат да ги преуредат „cookies“ со помош на овие дополнувања и со помош на неа да го искористат пристапот од друг компјутер. На овој начин можете да ја изгубите вашата сметка. На крајот повеќето антивирусни програми не ја препознаваат оваа екстензија како лажна, освен ако програмата не вклучува веб филтери, така што дополнувањата може долго да останат во прелистувачот.
Екстензијата веќе е отстранета од Хром веб продавницата, но доколку се сомневате дека сте наседнале на оваа измама или слично, експертите препорачуваат дека прво треба да го проверите Фејсбукот, а потоа да ги отстраните лажните дополнувања на својот пребарувач.

Љубиша Владимиров

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1