Предупредување: Следниот бран на бегалци ќе предизвика конфликт на Балканот


Премиерот на Словенија, Миро Церар во интервју за германскиот весник „Велт“ предупредува дека следниот бран на бегалци кој ќе го зафати Балканот би можел да предизвика конфликт во регионот.cerar-520x362

– На надворешните европски граници треба да се направи се што е можно за да се заштити Балканот од конфликти, но и да се одржи Шенген зоната и да не се дозволи таа да се распадне, изјавил тој додавајќи дека ако балканската рута повторно се отвори, многу лесно може да избијат немири во регионов во кој и така овој период односите помеѓу државите се повеќе се затегнуваат.

Според него, ако дојдат премногу легални мигранти, тогаш сите земји ќе ги затворат своите граници, што ќе доведе до расправии, затоа што тоа би значело дека нема повеќе да се примаат луѓе од соседните земји.

– Така би настанал еден домино ефект. Тоа екстремно би наштетило на нашето стопанство и туризмот. Ако повторно дојдат голем број на бегалци, тогаш мора уште построго да ја контролираме шенгенската граница. Ако пак Австрија ја затвори својата граница, тогаш мигрантите ќе останат во Словенија. Уште од сега е јасно дека Австрија се подготвува да ја затоври својата граница, одгоровил Церар.

cerar

Зборувајќи за договорот со Турција, тој нагласил дека тој е дел од низа мерки, кои секако не се доволни за да се контролира оваа ситуација со бегалците.

Тој потсетил на неговата иницијатива за да и се помогне на Грција и да се постави втора контролна линија на границата со Македонија што веднаш имало ефект. Според неговите зборови, кога Македонија ја затворила границата, Грците веднаш биле принудени нешто да превземат.

– Да бидеме искрени, Грците не ја обезбедуваат шенгенската граница доволно. Знаеме дека нивната ситуација е комплицирана, но секако за тоа добиваат голема финансиска помош, која се сомневам дека ја користат за вистинската намена, истакнал Церар.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1