Прегазена жена во Битола итно префрлена на Клиника


Вчера во 11:25 часот во Битола на улицата „Цар Самоил“ патничко моторно возило „Опел Корса“ со битолски регистерски таблици управувано од 77-годишниот Н.Ц. од Битола удрило во 67-годишната Ц.Ј. од Битола.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобила Ц.Ј. по што била пренесена и задржана на лекување во Клиничката болница во Битола.

Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од Секторот за внатрешни работи Битола.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1